Тајпеј започна маневри како одговор на кинеските воени вежби

Сподели со своите пријатели

Министерот за надворешни работи на Тајван Џозеф Ву денеска изјави дека Тајпеј започнал воени вежби за тестирање на борбената готовност, како одговор на тековните кинески маневри кои вклучуваат лансирање ракети во близина на островот со 23 милиони луѓе.

Loading...

Кина рече дека нејзините вежби биле поттикнати од посетата на претседателката на американскиот Претставнички дом Ненси Пелоси на Тајпеј минатата недела, но Ву во денешното обраќање истакна дека Пекинг ја користи нејзината посета како изговор.

Тој исто така рече дека Пекинг има за цел да ги контролира Источното и Јужното Кинеско Море преку Тајванскиот теснец и дека сака да го промени статус квото и да го припои Тајван, кој го смета за своја територија.

Тајвански официјален претставник изјави дека кинеските воени вежби биле започнати како дел од планот за подготовка за инвазијата на Пекинг на островот.

Во своето обраќање до новинарите, Ву не понуди временска рамка за можен напад врз Тајван, но изјави дека Пекинг спроведува големи воени вежби и лансирање проектили, заедно со сајбер напади, дезинформации и економска принуда, во обид да ослабне моралот на населението на островот, јави Танјуг.

„По завршувањето на вежбите, Кина може да се обиде да ги конкретизира своите активности во обид да го уништи долгорочниот статус кво во Тајванскиот теснец“, рече Ву.

Тој, исто така, изјави дека таквите потези ја загрозуваат регионалната безбедност и даваат „јасна слика за геостратешките амбиции на Кина надвор од Тајван“, а исто така повика на поголема меѓународна поддршка за да се запрат обидите на Кина ефективно да го контролира теснецот.

Министерот нагласи дека Тајпеј не е исплашен, дури и во време кога Пекинг продолжува да маневрира преку неофицијалната централна линија на Тајванскиот теснец.

Loading...

Источната команда на Народноослободителната војска на Кина денеска објави дека продолжува со продолжени воени вежби во морето и воздушниот простор околу островот Тајван, фокусирајќи се на блокадите и логистиката за снабдување.

Кинеското Министерство за надворешни работи во понеделникот соопшти дека Тајван е дел од Кина и дека Кина спроведува воени вежби „на своја територија“ на отворен, транспарентен и професионален начин.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Тајван можете да ги прочитате ТУКА.