Тајни на островот на Тито: Бункери, „пештера на духови“, тунели, ракетна база… (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Покрај природната убавина што им ја нуди островот на посетителите, ова место крие бурна историја, сведоштво за минатото.

Loading...

До пештерите на Тито може да се стигне од патот кон Хум – највисокиот врв на островот Вис.

 

 

Пештерите се скриени на падините на Хум, а таму води украсено камено скалило.

Влезовите се донекаде заѕидани, но не е потребно фенерче за прегледување.

Една од главните атракции на овие пештери е воената база која е позиционирана овде, така што од очигледни причини е вистинска туристичка атракција за многу посетители, но и историчари.

Loading...

 

 

Пештерата, која претходно се нарекуваше „пештера на духови“, подоцна беше именувана по Јосип Броз Тито, кој живеел на островот во 1944 година и таму решавал политички прашања.

Поради својата стратешка позиција, Вис не ја делел судбината на другите далматински острови.

 

 

Loading...

Тоа е единственото парче слободна територија што никогаш не било освоено од Германците за време на Втората светска војна, но го држеле британските сојузници.

По Втората светска војна, ЈНА инсталирала значајни воени бази на островот.

 

 

Во овој момент, можете да прошетате низ тунели за да стигнете до ископувања низ островот што сведочат за постоењето на базите на југословенската армија.

Исто така, островот има 30 различни воени објекти, вклучително и еден од најпосетуваните – ракетна база во Ступиче во близина на Комича.

 

Loading...

 

„Тоа беше огромна ракетна база со импресивен комплекс од тунели и бункери кои беа во состојба на готовност во случај на инвазија“, пренесуваат медиумите.

 

Leave a Reply