Тајфунот „Саола“ го погоди јужниот дел на Тајван

Сподели со своите пријатели

Тајфунот Саола денеска го погоди јужниот дел на Тајван, носејќи силен дожд, иако не се очекува директно да падне на копно.

Loading...

Тајван издаде предупредувања за тајфунот на копно и море, а фериботите и летовите до неколку острови и југоисточниот град Тајтунг се откажани, објави Ројтерс.

Најобилниот дожд се предвидува да падне во планинските региони на округот Пингтунг на крајниот југ, каде наставата и работата денеска беа прекинати во некои општини, како и на источниот брег на Тајван.

Откако ќе помине низ каналот Баши, кој го дели Тајван од Филипините, тајфунот ќе го погоди југоисточниот брег на Кина и Хонг Конг.