Земјотрес од 7,1 степени ги погоди островите во Тихиот Океан
Земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала ги погоди во понеделник островите Кермадец во Тихиот Океан во близина на Нов Зеланд, објави Американскиот геолошки институт. Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри. Американскиот центар за предупредување од цунами соопшти дека по земјотресот повеќе нема закана од цунами.Прочитај повеќе




