Земјотрес во Грција

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала се случи утрово во морето кај Коринт, Грција.

Loading...

Земјотресот се случил во 8 часот и 42 минути со епицентар на длабочина од девет километри во морето, северно од Киат.

Во текот на ноќта се регистрирани уште три земјотреси со јачина меѓу два и три степени.