Војна во Украина (Page 518)

На 24 февруари 2022 година, Русија започна голема инвазија на Украина, означувајќи голема ескалација на тековната Руско-украинска војна.

Инвазијата започна утрото на 24 февруари, кога Путин најави „специјална воена операција“ за „демилитаризација и денацизирање“ на Украина.

Неколку минути подоцна, проектили и воздушни напади ја погодија цела Украина, вклучувајќи го и главниот град Киев. Следеше голема копнена инвазија од повеќе правци.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски донесе воена состојба и општа мобилизација на сите машки украински државјани меѓу 18 и 60 години. Ним им беше забрането да ја напуштат земјата.

Руските напади првично беа започнати на северниот фронт од Белорусија кон Киев. Северо-источниот фронт кон Харков, јужниот фронт од Крим и југоисточниот фронт од Луганск и Доњецк.

Во текот на март, руското напредување кон Киев запре. Поради големите загуби и силниот украински отпор, руските трупи се повлекоа од Киевската област до 3 април.

На 19 април, Русија започна обновен напад на Донбас, кој се одвива многу бавно. Луганската област беше целосно заземена до 3 јули, додека другите фронтови останаа главно неподвижни.

Во исто време, руските сили продолжија да бомбардираат и воени и цивилни цели далеку од линијата на фронтот. Меѓу нив и Киев, Лавов, Серхиивка во близина на Одеса и Кременчук.

На 20 јули, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров објави дека Русија ќе одговори на зголемената воена помош што Украина ја добива од странство како оправдување на проширувањето на фронтот за „специјални операции“ за да вклучи воени цели и во Запорожската област и во Херсонската област надвор од оригинални цели на областите на регионот Донбас.

Во продолжение последните вести поврзани со Руско-украинска војна.

Сподели со своите пријатели

Украинската армија соопшти дека започнала контраофанзива против руските војници кои окупираа делови од јужниот украински регион Херсон, пренесува ДПА. Loading… Шефот на руската локална цивилно-воена управа, Владимир Леонтиев, објави дека бројот на загинати во украинското гранатирање на Новаја Каховка во областа Херсон, при обидот за повторно заземање на оваа област,Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

До Државната дума на Русија беше поднесен предлог Владимир Путин од претседател да се преименува во владетел, објави РИА Новости во текот на викендот. Loading… Либерално-демократската партија предложи да се замени терминот „претседател“ со „владетел“ додека целосно не се вкорени странското име на канцеларијата, пренесе РИА Новости, повикувајќи се наПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Властите инсталирани во овој град од Русија велат дека сакаат да одржат референдум за отцепување, но сѐ уште не одредиле датум. Loading… Бројот на загинати во рускиот ракетен напад на станбена зграда вчера се искачи на 24, а спасувачите и натаму трагаат по преживеани, соопштија службите за итни случаи. КакоПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Украина очекува нов напад на руските копнени сили, откако гранатирањата низ целата земја загинаа повеќе од 30 луѓе, додека западните сојузници на Киев се подготвуваат за влошена глобална енергетска криза доколку Русија го прекине снабдувањето со нафта и гас. Loading… Украинскиот Генералштаб објави дека гранатирањето низ земјата е подготовка заПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Од почетокот на руската инвазија на Украина, 31-годишната учителка Анастасија од уралскиот град Перм закачува белешки со пораки на влезот од нејзината станбена зграда. Loading… Последната гласи: „Не верувајте во пропагандата на телевизија, читајте независни медиуми“. Вчерашната белешка која виси на влезот гласи: „Насилството и смртта нѐ следат со месеци,Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

САД веруваат дека Иран се подготвува да ѝ обезбеди на Русија до неколку стотици дронови, вклучително и оние што можат да носат оружје, изјави за новинарите американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан. Loading… Тој рече дека САД имаат информации кои укажуваат дека Иран се подготвува да ги обучи рускитеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Најбогатиот Украинец Ринат Ахметов објави дека целосно ѝ ја отстапува својата медиумска империја на државата, во согласност со законот за сузбивање на прекумерното влијание на „олигарсите“ врз економијата. Loading… Во синоќешната изјава за Ројтерс, Ахметов изјави дека украинската медиумска групација ќе и ги предаде на државата лиценците за своите телевизискиПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша указ со кој на Украинците ќе им се олесни добивањето руско државјанство, пренесува Ројтерс. Loading… Документ објавен на веб-страницата на руската влада покажува дека Путин потпишал декрет за продолжување на поедноставениот процес за добивање руско државјанство „за сите граѓани на Украина“. Претходно, поедноставената процедураПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Бројот на загинати во руски ракетен напад врз станбената зграда во украинската област Доњецк се искачи на 24, а спасувачите сѐ уште трагаат по преживеани, соопштија денеска службите за итни случаи. Loading… Се наведува дека девет лица се спасени од урнатините на петкатната зграда во градот Хасив Јар во регионотПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Украина со помош на оружјето на НАТО најавува силен контранапад на југот на земјата, за да го ослободи тој дел на Украина од агресорите. Loading… Поради ова, украинскиот претседател Володимир Зеленски осмислува нова стратегија, која ќе вклучува милион војници опремени со најмодерното западно оружје. Украинскиот министер за одбрана Олексеј РезниковПрочитај повеќе