Војна во Украина (Page 325)

На 24 февруари 2022 година, Русија започна голема инвазија на Украина, означувајќи голема ескалација на тековната Руско-украинска војна.

Инвазијата започна утрото на 24 февруари, кога Путин најави „специјална воена операција“ за „демилитаризација и денацизирање“ на Украина.

Неколку минути подоцна, проектили и воздушни напади ја погодија цела Украина, вклучувајќи го и главниот град Киев. Следеше голема копнена инвазија од повеќе правци.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски донесе воена состојба и општа мобилизација на сите машки украински државјани меѓу 18 и 60 години. Ним им беше забрането да ја напуштат земјата.

Руските напади првично беа започнати на северниот фронт од Белорусија кон Киев. Северо-источниот фронт кон Харков, јужниот фронт од Крим и југоисточниот фронт од Луганск и Доњецк.

Во текот на март, руското напредување кон Киев запре. Поради големите загуби и силниот украински отпор, руските трупи се повлекоа од Киевската област до 3 април.

На 19 април, Русија започна обновен напад на Донбас, кој се одвива многу бавно. Луганската област беше целосно заземена до 3 јули, додека другите фронтови останаа главно неподвижни.

Во исто време, руските сили продолжија да бомбардираат и воени и цивилни цели далеку од линијата на фронтот. Меѓу нив и Киев, Лавов, Серхиивка во близина на Одеса и Кременчук.

На 20 јули, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров објави дека Русија ќе одговори на зголемената воена помош што Украина ја добива од странство како оправдување на проширувањето на фронтот за „специјални операции“ за да вклучи воени цели и во Запорожската област и во Херсонската област надвор од оригинални цели на областите на регионот Донбас.

Во продолжение последните вести поврзани со Руско-украинска војна.

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека најмалку 21.000 членови на Вагнер загинале во Украина, а уште најмалку 80.000 биле ранети. „Тоа се главно осуденици и оваа војна им послужи како бегство од затвор. Затоа немаа што да загубат“, изјави Зеленски на новинарите за време на прес-конференција, пренесува Си-Ен-Ен. Тврдењата наПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Маргарита Симонјан, главен уредник на руската државна телевизија „Раша тудеј“, тврди дека знаела дека бунтот на Евгениј Пригожин ќе се случи. На 24 јуни, откако жестоко го критикуваше однесувањето на Русија во војната во Украина во последните месеци, шефот на Вагнер повика на вооружен бунт за соборување на министерот заПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Висок функционер на Долниот дом на рускиот парламент Дума денеска ги отфрли наводите за потребата од нова воена мобилизација во земјата за замена на членовите на паравоената група Вагнер кои повеќе не се борат во Украина. „Претседателот на Руската Федерација (Владимир Путин) кажа јасно, разбирливо и конкретно дека нема даПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Еден од начините за решавање на конфронтацијата во светот е Трета светска војна во која нема да има победници, изјави денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев. Тој во напис за руски весник оцени дека тоа би било лошо бидејќи, како што наведува, на победниците воопшто неПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Русија донесе околу 700.000 деца од зоната на конфликт во Украина на руска територија, изјави синоќа Григориј Карасин, шеф на меѓународниот комитет во Советот на Федерацијата, Горниот дом на рускиот парламент. „Во последните години 700.000 деца најдоа засолниште кај нас бегајќи од бомбардирањето и гранатирањето од зоната на конфликтот воПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Украинските сили се спротивставуваат на руските напади во источните области на линијата на фронтот и се соочуваат со тешкотии во североисточниот дел на земјата, но напредуваат во близина на уништениот град Бахмут и на југ, изјави заменик-министерката за одбрана на Украина Хана Маљар. Руските извештаи на линијата на фронтот велатПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс неодамна бил во Украина каде што се сретнал со разузнавачки претставници и со претседателот Володимир Зеленски, потврди американски претставник за Франс прес. Патувањето, кое не беше објавено кога се случило, дојде додека украинските сили ја продолжуваат контраофанзивата започната во јуни наПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Шпанскиот премиер Педро Санчез пристигна во Киев, на денот кога Шпанија го презема претседавањето со ЕУ. „Веќе во Киев. Сакав првиот чин на шпанското претседателство со Советот на ЕУ да биде во Украина заедно со Володимир Зеленски“, напиша Санчез на Твитер. Тој додаде дека ќе ја пренесе европската солидарност доПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Во петокот, украинскиот претседател Володимир Зеленски нареди зајакнување на граничната безбедност со Белорусија пред пристигнувањето, со согласност на Москва, на борците од паравоената група Вагнер по нивниот прекинат бунт во Русија. „Со одлука на Генералштабот, на врховниот командант (Валери) Залужни и на генералот (Сергиј) Наев им беше наредено да гоПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Белорускиот претседател Александар Лукашенко ги покани платениците од Вагнер групата во неговата земја за да ја обучуваат армијата. Тој имаше јавно обраќање по повод одбележувањето на Денот на независноста на Белорусија и по тој повод рече дека платениците на Вагнер за жал ги нема. „И ако нивните инструктори, како штоПрочитај повеќе