Војна во Украина (Page 18)

На 24 февруари 2022 година, Русија започна голема инвазија на Украина, означувајќи голема ескалација на тековната Руско-украинска војна.

Инвазијата започна утрото на 24 февруари, кога Путин најави „специјална воена операција“ за „демилитаризација и денацизирање“ на Украина.

Неколку минути подоцна, проектили и воздушни напади ја погодија цела Украина, вклучувајќи го и главниот град Киев. Следеше голема копнена инвазија од повеќе правци.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски донесе воена состојба и општа мобилизација на сите машки украински државјани меѓу 18 и 60 години. Ним им беше забрането да ја напуштат земјата.

Руските напади првично беа започнати на северниот фронт од Белорусија кон Киев. Северо-источниот фронт кон Харков, јужниот фронт од Крим и југоисточниот фронт од Луганск и Доњецк.

Во текот на март, руското напредување кон Киев запре. Поради големите загуби и силниот украински отпор, руските трупи се повлекоа од Киевската област до 3 април.

На 19 април, Русија започна обновен напад на Донбас, кој се одвива многу бавно. Луганската област беше целосно заземена до 3 јули, додека другите фронтови останаа главно неподвижни.

Во исто време, руските сили продолжија да бомбардираат и воени и цивилни цели далеку од линијата на фронтот. Меѓу нив и Киев, Лавов, Серхиивка во близина на Одеса и Кременчук.

На 20 јули, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров објави дека Русија ќе одговори на зголемената воена помош што Украина ја добива од странство како оправдување на проширувањето на фронтот за „специјални операции“ за да вклучи воени цели и во Запорожската област и во Херсонската област надвор од оригинални цели на областите на регионот Донбас.

Во продолжение последните вести поврзани со Руско-украинска војна.

Сподели со своите пријатели

Во напад со дрон врз северозападното руско пристаниште Приморск, недалеку од Санкт Петербург, беа запалени брод и пумпна станица, изјави регионалниот гувернер. Ова е првиот пријавен напад со дрон врз еден од најголемите терминали за извоз на нафта и гориво во земјата. Од почетокот на август, Украина ги засили нападитеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Приватна куќа во селото Копилија во Волинскиот регион беше уништена вчера од муниција случајно исфрлена од украински борбен авион, објави локалната телевизиска станица Аверс од местото на настанот. Родителите на заменик-началникот на локалната специјална полициска единица живеат во уништената куќа, но за среќа куќата била празна во времето на инцидентот.Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Финскиот претседател Александар Стуб денес пристигна во Киев, главниот град на Украина, каде што ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави шефот на украинскиот претседателски кабинет Андриј Јермак. Тој рече дека за време на посетата, Стуб ќе разговара за безбедносни проекти, европска интеграција, инвестиции во инфраструктура и безбедносниПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Дрон што ѝ припаѓаше на Украинската воена разузнавачка агенција (ГУР) вчера удри повеќенаменски брод на руската Црноморска флота во близина на Новоросијск, предизвикувајќи голема штета, објавија Украинците. Тие тврдат дека бродот од серијата спасувачки бродови „Проект МПСВ07“ бил следен и погоден додека вршел извидување и патролирање во Новоросијскиот Залив воПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Испраќањето руски дронови над Полска ја означи ескалацијата на непријателствата кон Европа. Но, што всушност сакал да постигне рускиот претседател Владимир Путин и како ќе реагира НАТО? Имено, инцидентот покренува многу прашања за Русија, Полска и НАТО, од тоа дали Кремљ намерно испратил беспилотни летала во Полска, до тоа далиПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Припадници на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денес објавија дека привеле руски државјанин под сомнение дека поседува информации за руски воени објекти и локација на системи за воздушна одбрана во корист на Украина. – Руски државјанин роден во 1981 година, осомничен за предавство, е приведен на територијата на РепубликаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Русија синоќа лансираше 458 дронови и ракети кон Украина, објавија денес украинските воздухопловни сили, додека соседна Полска објави дека соборила „непријателски објекти“ во нејзиниот воздушен простор. Воздухопловните сили на Украина соопштија дека Русија користела 415 дронови и 43 ракети во напади во кои загинало најмалку едно лице, според цивилните власти.Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека неговата земја е поблиску до вооружен конфликт отколку во кое било време од Втората светска војна, објави Скај њуз. Туск рече дека Варшава побарала активирање на Член 4 од НАТО и нагласи дека на Полска ѝ се потребни поконкретни мерки од само изрази наПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, денес во својот говор пред Европскиот парламент изјави дека токму сега се цртаат контурите на нов светски поредок заснован на моќ и дека Европа мора да се бори за своето место во светот. Фон дер Лајен го изјави ова во контекстПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Романија испрати два ловци Ф-16 на романското воздухопловство по масовниот напад со беспилотни летала во Украина, но Министерството за одбрана вели дека не се откриени упади на ниту еден авион во националниот воздушен простор. „Во ноќта помеѓу 9 и 10 септември, радарските системи за надзор на MApN открија група беспилотниПрочитај повеќе