Војна во Украина (Page 139)

На 24 февруари 2022 година, Русија започна голема инвазија на Украина, означувајќи голема ескалација на тековната Руско-украинска војна.

Инвазијата започна утрото на 24 февруари, кога Путин најави „специјална воена операција“ за „демилитаризација и денацизирање“ на Украина.

Неколку минути подоцна, проектили и воздушни напади ја погодија цела Украина, вклучувајќи го и главниот град Киев. Следеше голема копнена инвазија од повеќе правци.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски донесе воена состојба и општа мобилизација на сите машки украински државјани меѓу 18 и 60 години. Ним им беше забрането да ја напуштат земјата.

Руските напади првично беа започнати на северниот фронт од Белорусија кон Киев. Северо-источниот фронт кон Харков, јужниот фронт од Крим и југоисточниот фронт од Луганск и Доњецк.

Во текот на март, руското напредување кон Киев запре. Поради големите загуби и силниот украински отпор, руските трупи се повлекоа од Киевската област до 3 април.

На 19 април, Русија започна обновен напад на Донбас, кој се одвива многу бавно. Луганската област беше целосно заземена до 3 јули, додека другите фронтови останаа главно неподвижни.

Во исто време, руските сили продолжија да бомбардираат и воени и цивилни цели далеку од линијата на фронтот. Меѓу нив и Киев, Лавов, Серхиивка во близина на Одеса и Кременчук.

На 20 јули, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров објави дека Русија ќе одговори на зголемената воена помош што Украина ја добива од странство како оправдување на проширувањето на фронтот за „специјални операции“ за да вклучи воени цели и во Запорожската област и во Херсонската област надвор од оригинални цели на областите на регионот Донбас.

Во продолжение последните вести поврзани со Руско-украинска војна.

Сподели со своите пријатели

Володимир Зеленски го одобрил планот за уништување на гасоводот „Северен тек“, кој го спровел поранешниот врховен командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужни. Loading… Штом Американската централна разузнавачка служба дознала за оваа акција, побарала од Зеленски да ја откаже саботажата. Тој му наредил на Залужни да ја прекине операцијата,Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Во Белгородската област е прогласена вонредна состојба на сојузно ниво, соопшти прес-службата на руското Министерство за вонредни ситуации. Loading… Забележано е дека на 15 август на дневен ред на дискусијата се одржа вонредна седница на владината комисија за спречување и отстранување на вонредни ситуации и обезбедување безбедност од пожари, пишуваПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Украинската новинарска екипа се вклучи од градот Сужа во руската област Курск, на 10 километри од границата со Украина. Loading… Ова е прв извештај на украинскиот медиум од руска територија од почетокот на инвазијата во 2022 година и укажува дека Украина веројатно ја контролира Сужа, пишува Киев пост. Како штоПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Руските власти прогласија задолжителна евакуација во средата на село и округ во областа Курск, каде што украинските сили започнаа офанзива минатата недела. Loading… Гувернерот на Курск, Алексеј Смирнов, на Телеграм изјави дека оперативниот штаб формиран во регионот одлучил за задолжителна евакуација на областа Глушковски, која се граничи со украинскиот регионПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Властите во руската област Курск одлучија да го евакуираат населението во областа Глушков, изјави доцна во средата привремениот гувернер Алексеј Смирнов, по континуираното напредување на украинските сили во пограничната област. Loading… Округот Глушков се граничи директно со Украина и има население од околу 20.000 луѓе. Смирнов преку апликацијата Телеграм речеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Украинските воздухопловни сили утринава соопштија дека ги собориле сите 29 беспилотни летала лансирани од Русија во осум украински региони во текот на ноќта, предизвикувајќи само мала штета. Loading… Русија, исто така, лансираше три наведувани ракети Кх-59 за време на нападот, се вели во соопштението на воздухопловните сили. Гувернерот на централниотПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Украинската телевизија објави видео на кое се гледа како војници во градот Курск го симнуваат руското знаме од зграда. Loading… На снимката се гледа трикатна зграда во градот Сужи и тројца војници како го симнуваат знамето извикувајќи: „Слава на Украина“. Некои руски воени блогери и украински канали Телеграм известуваат декаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Поголемиот дел од опремата на украинските вооружени сили во Курската област е уништена, соопштија денеска командантот на специјалните сили Ахмат и заменик-шефот на воено-политичкиот оддел на руското Министерство за одбрана, мајор Апти Алаудинов. Loading… Тој на каналот Телеграм изјави дека украинската армија не е во можност да ја заврши задачатаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Финска, Александар Стуб, денеска изјави дека Украина има целосно право да изврши инвазија во областа Курск, бидејќи Русија редовно го бомбардира Киев и окупира големи области на таа земја. Loading… „Не гледаме причина за ограничување на активностите на Украинците“, рече Стуб на прес-конференција, пренесува Yle. Тој исто такаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Во руската област Нижни Новгород, каде што се наоѓа воениот аеродром Саваслејка, утринава се слушнале експлозии, јави украинската новинска агенција Униан, повикувајќи се на руски медиуми. Loading… Се додава дека оттаму полетуваат ловците МиГ-31 и дека воената база е на околу 650 километри од Украина. Како што додава Унијан, локалнитеПрочитај повеќе