Јапонија најави виртуелен самит на Г7 за ситуацијата во Украина и Блискиот Исток

Сподели со своите пријатели

Групата од седум водечки индустриски земји (Г7) планира да одржи виртуелен самит на 13 декември на кој ќе разговара за руската војна во Украина и ситуацијата на Блискиот Исток, објавија денеска јапонската влада и дипломатски извори.

Loading...

Состанокот, на кој најверојатно ќе присуствува и јапонскиот премиер Шигеру Ишиба, се случува пред јануарското враќање во Белата куќа на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој претходно изрази сомнеж за ефективноста на мултилатералните рамки како што е Г7.

Откако Русија ја нападна Украина во 2022 година, Г7, која ги вклучува Велика Британија, Канада, Германија, Франција, Италија, Јапонија, САД и Европската унија, воведоа повеќе санкции кон Москва и останаа обединети во поддршката за Киев.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нобеловците бараат поголеми инвестиции во производството на храна за да се избегне глобалната криза со глад