Војна во Украина (Page 106)

На 24 февруари 2022 година, Русија започна голема инвазија на Украина, означувајќи голема ескалација на тековната Руско-украинска војна.

Инвазијата започна утрото на 24 февруари, кога Путин најави „специјална воена операција“ за „демилитаризација и денацизирање“ на Украина.

Неколку минути подоцна, проектили и воздушни напади ја погодија цела Украина, вклучувајќи го и главниот град Киев. Следеше голема копнена инвазија од повеќе правци.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски донесе воена состојба и општа мобилизација на сите машки украински државјани меѓу 18 и 60 години. Ним им беше забрането да ја напуштат земјата.

Руските напади првично беа започнати на северниот фронт од Белорусија кон Киев. Северо-источниот фронт кон Харков, јужниот фронт од Крим и југоисточниот фронт од Луганск и Доњецк.

Во текот на март, руското напредување кон Киев запре. Поради големите загуби и силниот украински отпор, руските трупи се повлекоа од Киевската област до 3 април.

На 19 април, Русија започна обновен напад на Донбас, кој се одвива многу бавно. Луганската област беше целосно заземена до 3 јули, додека другите фронтови останаа главно неподвижни.

Во исто време, руските сили продолжија да бомбардираат и воени и цивилни цели далеку од линијата на фронтот. Меѓу нив и Киев, Лавов, Серхиивка во близина на Одеса и Кременчук.

На 20 јули, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров објави дека Русија ќе одговори на зголемената воена помош што Украина ја добива од странство како оправдување на проширувањето на фронтот за „специјални операции“ за да вклучи воени цели и во Запорожската област и во Херсонската област надвор од оригинални цели на областите на регионот Донбас.

Во продолжение последните вести поврзани со Руско-украинска војна.

Сподели со своите пријатели

Детонација на граната под брадата наместо да се предаде. Користење на соборци како мамка за напади со беспилотни летала. Отстранување на заштитни плочи и шлемови за да се овозможи побрзо движење и напади пешки. Пишување завет за лојалност кон севернокорејскиот врховен лидер Ким Џонг-ун. Ова се бруталните и речиси самоубиствениПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Украинската влада одлучи да го разреши Дмитро Клименков од функцијата заменик министер за одбрана, соопшти постојаниот претставник на Кабинетот на министри во Врховната Рада, Тарас Мелничук. „Кабинетот на министри на Украина го разреши Дмитро Олегович Клименков од функцијата заменик министер за одбрана на Украина“, напиша тој на Телеграм, пренесува Укринформ.Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Руската војска денеска соопшти дека освоила село во украинската област Харков, на североисток, во новото напредување на западниот брег на реката Оскил. Како што соопшти руското Министерство за одбрана, единиците на Воената група Запад го „ослободија градот Дуречнаја“. Пред почетокот на руската офанзива на Украина во 2022 година, градот броелПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Околу гробот на Адам Бухајов се наредени мали и големи плишани мечиња како да му прават друштво. Но, ова 17-месечно дете не е само. Неговата мајка, 27-годишната Софија Бухајова, беше погребана со него на мрачните гробишта во Запорожје, јужна Украина. Во гробот до нив почива прабабата на Адам, Тетјана ТарасевичПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Северна Кореја се подготвува да испрати повеќе од 100 артилериски системи – првично дизајнирани за уништување на Сеул – во Русија за употреба во војната против Украина, пишува британски The Telegraph. Хаубиците М1989 Коксан од 170 мм, кои се меѓу артилериските системи со најдолг дострел во светот, се познати какоПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски имаше средба со францускиот претседател Емануел Макрон за безбедносна соработка и понатамошна поддршка за Киев, објави Зеленски на Телеграм. Средбата е одржана по церемонијата по повод годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау во Полска, пренесува Укринформ. „Се сретнав со францускиот претседател Емануел Макрон. Разговаравме заПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Четири лица се повредени во руски воздушен напад во текот на ноќта. Нападот предизвика пожар во приватна компанија и оштети неколку куќи во Харков, соопштија денеска украинските власти. Една 62-годишна жена е пренесена во болница, додека 66-годишен маж е повреден кога дел од уништениот руски дрон паднал и оштетил неколкуПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас денеска изјави дека европските министри за надворешни работи се согласиле повторно да ги продолжат санкциите против Русија поради војната во Украина. „Ова ќе продолжи да ја лишува Москва од приходите за финансирање на војната. Русија треба да плати заПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

ЕУ ќе може да ги обнови своите секторски санкции кон Русија откако Унгарија ја повлече својата закана со вето, која ја поврза со енергетски прашања. Унгарија ја повлече својата закана за вето и во понеделникот дозволи обновување на санкциите на ЕУ кон Русија за дополнителни шест месеци, ставајќи крај наПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Руски системи за противвоздушна одбрана синоќа уништија 32 украински дрона, соопшти денеска руското Министерство за одбрана, наведувајќи дека украинските офанзивни беспилотни летала биле уништени при напади на пет руски региони. „Во текот на изминатата ноќ, дежурните системи за противвоздушна одбрана уништија и пресретнаа 32 украински беспилотни летала: петнаесет над територијатаПрочитај повеќе