Зеленски: Севернокорејските војници се вратија на фронтот во регионот Курск

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека севернокорејските војници се вратиле на линијата на фронтот во руската област Курск, по информациите дека Москва ги повлекла поради големи загуби.

Loading...

„Имаше нови напади во областите на операцијата Курск. Руската војска и севернокорејските војници се вратени назад“, рече Зеленски во ноќното обраќање, пренесува Укринформ.

Тој тврди дека „значителен број непријателски трупи биле уништени“.

Портпаролот на украинската војска минатата недела изјави дека силите на земјата три недели не наишле на никаква активност или судири со севернокорејските војници, пренесува Танјуг.

Пјонгјанг минатата година испрати повеќе од 10.000 војници во Русија за да и помогнат во борбата против украинската офанзива во пограничниот регион Курск.