Палестина (Page 123)

Палестина, е држава во Западна Азија. Официјално е управуванa од Палестинската ослободителна организација (ПЛО) и има право на Западниот Брег и Појасот Газа.

Државата е признаena од 138 од 193-те членки на ОН и од 2012 година има статус на земја набљудувач нечленка во Обединетите нации.

Според Централно биро за статистика, земјата имала население од 4.420.549 луѓе во 2013 година. 93% од жителите  се муслимани, од кои огромното мнозинство се следбеници на сунитската гранка на исламот.

Земјата е поделена на шеснаесет административни поделби.

Актуелен претседател е Махмуд Абас, кој со државата владее од 2004 година.

Во продолжение сите вести од Палестина.

Сподели со своите пријатели

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека ситуацијата на Блискиот Исток е „резултат на колективен политички и морален неуспех“ поради „реалниот недостаток на волја за решавање на израелско-палестинскиот проблем“. „Мислам дека ние Европејците имаме морална и политичка обврска да бидеме вклучени во овааПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Израелските сили денеска интензивно го бомбардираа Појасот Газа, каде, според Хамас, од почетокот на новите конфликти загинале речиси 10.000 луѓе. Според Хамас, кој е на власт во Појасот Газа, загинаа повеќе од 200 луѓе во ноќните напади на северот на палестинската територија и во градот Газа. Копнените борби не стивнуваатПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Во војната меѓу Израел и палестинскиот Хамас на секои 10 минути во просек се убива по едно дете, а две деца се повредени, соопшти денеска канцеларијата на ОН во Женева, повикувајќи се на податоци на Палестинската агенција за бегалци (УНРВА). „Децата не смеат да бидат цел“, се истакнува во објаватаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Израел објави нови докази за кои тврди дека дополнително ги поддржуваат наводите дека Хамас ги користи болниците во Газа како воени позиции. Контраадмиралот Даниел Хагари, главен портпарол на израелските одбранбени сили (ИДФ), исто така ја обвини милитантната група дека ги спречува преостанатите цивили во северна Газа да бегаат на југ.Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Воздушните, поморските и копнените напади на израелската армија врз Појасот Газа продолжуваат и во 31. ден. Израел повторно го бомбардираше бегалскиот камп Бурајј во Газа. Најмалку 15 лица загинаа, а голем број се повредени. Меѓу повредените има и голем број деца. Од вечерта се интензивираа воздушните напади на израелската армијаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 200 Палестинци беа убиени ноќва во израелски напади врз Појасот Газа, соопшти Министерството за здравство во Појасот Газа, кое го води палестинската милитантна група Хамас, објави Тајмс оф Израел. Израел изврши интензивни воздушни напади врз Појасот Газа, а потоа копнените сили на израелската армија влегоа во палестинската енклава,Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Напишан е политичкиот некролог на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, а Џозеф Бајден и неговите соработници веќе проценуваат кој би можел да биде негов наследник, пишува Politico. Приказната дека политичките денови на Нетанјаху се одбројани неодамна, според медиумите, се појавила на состаноци во Белата куќа, а наводно Бајден „отишол толку далеку“Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Идејата на Париз да создаде коалиција за борба против Хамас носи со себе ескалација на вооружената конфронтација на Блискиот Исток, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Францускиот претседател Емануел Макрон за време на неговата посета на Израел, на заедничка прес-конференција со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, предложиПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Властите во Појасот Газа, под контрола на Хамас, денеска соопштија дека во израелските напади врз бегалскиот камп Џабалија загинале 195 лица. Министерството за здравство на Газа соопшти дека 1.000 луѓе се убиени, ранети или исчезнати. „Нападите оставија 195 мртви, 120 исчезнати под урнатините, а 777 се ранети“, се вели воПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Египет ќе помогне во евакуацијата на околу 7.000 странци и двојни државјани од Појасот Газа, соопшти денеска египетското Министерство за надворешни работи. Помошникот египетски министер за надворешни работи Исмаил Каират изјави на состанокот со странски дипломати дека Египет се подготвува да го олесни приемот и евакуацијата на странски државјани одПрочитај повеќе