Кина (Page 77)

Кина, официјално Народна Република Кина (НРК), е земја во Источна Азија.

Таа е најнаселената земја во светот, со население од повеќе од 1,4 милијарди луѓе. Земјата опфаќа пет географски временски зони и граничи со 14 земји. Втора е по големина од која било земја во светот по Русија. Се состои од 23 провинции, пет автономни региони, четири општини и два специјални административни региони (Хонг Конг и Макао).

Национален главен град е Пекинг, а најнаселен град и финансиски центар е Шангај.

Кинескиот устав вели дека Народна Република Кина „е социјалистичка држава управувана од народна демократска диктатура која е предводена од работничката класа и заснована на сојуз на работници и селани“. Дека државните институции „ќе го практикуваат принципот на демократски централизам.“

Таа е меѓу единствените социјалистички држави во светот управувана од комунистичка партија.

Кинеската влада на различни начини беше опишана како комунистичка и социјалистичка, но и како авторитарна и корпоратистичка. Има тешки ограничувања во многу области, особено против слободниот пристап до интернет, на печатот, на собирање, право на раѓање деца.

Во продолжение сите вести од Кина.

Сподели со своите пријатели

Европската унија останува цврсто против употребата на сила во обид да се промени статус кво состојбата во Тајванскиот теснец. Ова денеска го изјави портпаролот на Европската комисија, Ерик Мамер. „Продолжуваме да повикуваме на мир и стабилност во Тајванскиот теснец“, додаде Мамер, пренесе Ројтерс. Европската унија вчера изрази загриженост поради военитеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Францускиот министер за економија Бруно Ле Мер во вторникот го бранеше своето тврдење дека Европската унија мора да ја изгради својата „независност“ и „стратешко планирање“ во однос на САД, откако претседателот Емануел Макрон ја истакна поентата на неговото враќање од Кина. „Претседателот на Републиката е апсолутно во право кога бараПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Песочна бура ги погоди Пекинг и североисточните региони на Кина по четврти пат во изминатиот месец, принудувајќи некои жители да останат во затворени простории за да се заштитат од големото загадување на воздухот. Кинеската престолнина од понеделникот е под облак од портокалова магла, која до денес висеше во воздухот, ноПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Бразилскиот претседател Лула да Силва најави дека ќе го покани кинескиот претседател Си Џинпинг да го посети Бразил. Лула во интервју за бразилската медиумска куќа EBC изјави дека сака да ги „консолидира“ односите со Кина, пренесува Ројтерс. – Ќе го поканам Си Џинпинг да го посети Бразил, да му јаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Соединетите Американски Држави и Филипините ги започнаа досега најголемите заеднички воени вежби, само еден ден откако Кина ги заврши своите вежби околу Тајван. Кинеската војска изминатите три дена спроведуваше вежби за блокада на Тајван како одговор на минатонеделната средба на тајванскиот претседател Цаи Инг-вен со претседателот на Претставничкиот дом наПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Јапонија изрази сериозна загриженост поради заедничката активност на руските и кинеските вооружени сили во близина на нејзините граници, се наведува во годишниот извештај на јапонското Министерство за надворешни работи. „Заедничките акции на кинеските и руските вооружени сили во близина на јапонската граница предизвикуваат сериозна загриженост за безбедноста на Јапонија“, сеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Тајванските власти забележаа девет кинески воени бродови и 26 авиони околу островот, еден ден откако Пекинг објави крај на воените вежби. Кина утрово мобилизираше воени авиони и ја премина неофицијалната демаркациона линија „од север, центар и југ“, соопшти Министерството за одбрана на Тајван. Кинеските бродови биле забележани околу 11 часотПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Кина денеска испрати воени бродови и десетици борбени авиони во Тајван и почна воени вежби како одговор на средбата меѓу претседателката на Тајван и претседателот на Претставничкиот дом на САД претходно оваа недела, соопшти владата на островот. Ова го означи почетокот на воените вежби „Обединет меч“ околу Тајван, кои ќеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Кинескиот претседател Си Џинпинг му приреди невообичаено раскошно добредојде на францускиот претседател Емануел Макрон во државната посета, во она што некои аналитичари го гледаат како знак за растечката офанзива на Пекинг да ги придобие клучните сојузници во Европската унија за да им се спротивстави на САД. Двајцата лидери денеска јаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Истражувачки тим во Кина објави анализа на примероци земени пред повеќе од три години од пазар поврзан со избувнувањето на Ковид-19. Пазарот Хуанан, кој продава риба, морски плодови и диви животни, е фокусна точка во потрагата по потеклото на коронавирусот. Но, ова е прва рецензирана студија за биолошки докази собраниПрочитај повеќе