Германија (Page 30)

Германија или официјално Сојузна Република Германија, е земја во Централна Европа.

Таа е втора најнаселена земја во Европа по Русија и најнаселена земја членка на Европската унија. Има население од над 83 милиони во нејзините 16 конститутивни држави.

Германија се состои од шеснаесет покраини, кои на германски се нарекуваат Länder.

Секоја покраина има сопствен покраински устав и се во голема мерка автономни во поглед на нивната внатрешна организација.

Поради разликите во големина и население понатамошната административна поделба на овие покраини се разликува, особено помеѓу градовите-покраини (Stadtstaaten) и покраините со поголеми територии (Flächenländer).

За регионални административни цели, пет покраини (Баден-Виртемберг, Баварија, Хесен, Северна Рајна-Вестфалија и Саксонија), имаат воведено вкупно 22 административни окрузи (Regierungsbezirke).

До 2009 година, земјата била поделена на 403 окрузи (Kreise) на општински ниво, кои се состојат од 301 рурален округ и 102 урбани окрузи.

Во продолжение сите вести поврзани со Германија.

blue and yellow flag on pole

Сподели со своите пријатели

Политичките превирања и неизвесност во Франција и Германија, како водечки земји на Европската унија, претставуваат опасност за самата Унија и нејзината позиција во светот кој брзо се менува, оценува даблинскиот дневен весник „Ариш тајмс“ (Ириш тајмс). „Оставката на францускиот премиер Мишел Барние носи криза на политичка несигурност и економски ризикПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Германија не планира да ѝ дозволи на Украина да користи оружје со долг дострел за напади на руска територија, ниту пак ќе испорачува крстосувачки ракети Таурус, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц по враќањето од Киев. Говорејќи во Бундестагот, Шолц повтори дека неговата политика ќе остане доследна за да се спречиПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Шпионска мрежа поврзана со Русија, која оперирала надвор од Велика Британија, се обидела да користи напредна опрема за надзор за да ги надгледува и компромитира мобилните телефони на украинските војници кои биле на обука во американската воена база во Германија. Оваа операција, која беше прекината дури по апсењето на осомничените,Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Германскте власти вршат притисок на 100-годишниот поранешен чувар на нацистичкиот концентрационен логор да му се суди речиси 80 години по крајот на Втората светска војна. Вишиот регионален суд во Франкфурт вчера соопшти дека ја поништил одлуката на понискиот суд според која осомничениот е прогласен за неспособен за судење. Осомничениот, именуванПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Претседателот на ЦДУ Фридрих Мерц вели дека Зелените во моментов имаат повеќе заеднички надворешнополитички позиции со Унијата отколку со социјалдемократите. Пред тоа Зелените се оградија од политиката на Шолц кон Украина. Христијанско-демократската унија (ЦДУ), според кандидатот за канцелар Фридрих Мерц, дели повеќе надворешнополитички ставови со Зелените отколку со СПД. НаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Германските власти денеска тврдеа дека вратата на Европската унија останува отворена за Грузија, повикувајќи ја владата на земјата да го поддржи тој пат, во време кога земјата доживува масовна проевропска мобилизација на улиците. „Вратата на Европа останува отворена за Грузија, но она што е важно е дека Грузија оди поПрочитај повеќе

black and gray stethoscope

Сподели со своите пријатели

Смртоносните болести како мали сипаници и хепатитис Б се во пораст во Германија и покрај достапноста на вакцините. Се верува дека причините за ова драстично зголемување се антиваксерските кампањи, пандемијата на коронавирусот и увезените случаи. Малите сипаници се заболување од воздухот, често предизвикувајќи осип и висока температура, што може даПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок ја обвини Кина дека ѝ дава оружје на Русија за војната против Украина и дека го загрозува мирот во Европа и во индо-пацифичкиот регион. „Наместо да преземе одговорност за мирот и безбедноста во светот како постојана членка на Советот за безбедност на ОбединетитеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

САД, Франција, Германија и Велика Британија повикаа во заедничка изјава за смирување на тензиите во Сирија, каде бунтовничките групи презедоа контрола врз неколку области. Ги повикуваме сите страни да ги смират тензиите и да ги заштитат цивилите и инфраструктурата со цел да се избегне понатамошно раселување и нарушување на испоракатаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел денеска во Химниот театар во Вашингтон ќе ги претстави своите мемоари под наслов „Слобода“, заедно со поранешниот американски претседател Барак Обама. Иако Обама кон крајот на неговиот мандат ја нарече својата најблиска германска канцеларка Ангела Меркел, нивните односи од почетокот не беа такви, пишува ДојчеПрочитај повеќе