Политичките превирања и неизвесност во Франција и Германија, како водечки земји на Европската унија, претставуваат опасност за самата Унија и нејзината позиција во светот кој брзо се менува, оценува даблинскиот дневен весник „Ариш тајмс“ (Ириш тајмс).
„Оставката на францускиот премиер Мишел Барние носи криза на политичка несигурност и економски ризик за Франција во време на тешка транзиција за ЕУ и за нејзиното место во светот кој брзо се менува“, оценува весникот во својот уреднички коментар.
Се додава дека „до прашање е доведена и улогата на Германија како воспоставен партнер на Франција во улогата на моторот на ЕУ, бидејќи ѝ претстојат избори во февруари и тоа во услови на слаби перформанси на нејзината извозно ориентирана економија“.
И сето тоа, пишува „Ајрш тајмс“, се случува во моментот кога новата Европска комисија стапува на функција со „предизвикувачка агенда која бара единство околу целите на внатрешните реформи и надворешнополитичкото насочување“.
Дневник потсетува дека претседателот на Франција, Емануел Макрон, изјави дека на таа функција ќе остане до крајот на мандатот.
„Тој рече дека наскоро ќе назначи нов премиер – но претстои голема политичка неизвесност. Ќе следат економски ризици кои ќе се одразат на обврзниците и берзата“, оценува весникот.
Затоа, според „Ајриш Тајмс“, стратешкото значење на Франција ќе значи и политичка блокада на напредокот во ЕУ, што е значајно бидејќи се совпаѓа со политичката неизвесност во Германија во наредните месеци.
На новата германска влада ќе и треба време да стане и да работи, задача што е уште попредизвиклива поради одлуките што треба итно да се донесат на национално и европско ниво.
Меѓу нив е и потенцијалната трговска војна на новата американска администрација на Доналд Трамп со Кина, пишува весникот.
„Спој на бројни, меѓусебно поврзани проблеми се заканува да предизвика криза во самото срце на ЕУ, со импликации за сите земји-членки, вклучително и Ирска. А загрижува совпаѓањето на политичките пресврти кај двата традиционално најважни играчи во ЕУ“, пишува ирскиот дневен весник.
„Структурите на Европската унија би можеле да помогнат, но наоѓањето единство низ Унијата ќе биде сè само не едноставно“, забележува Irish Times.