ЕУ (Page 100)

Европска унија (ЕУ) е политичка и економска унија од 27 земји – членки кои се наоѓаат првенствено во Европа.

Унијата има вкупна површина од 4.233.255,3 km2 (1.634.469,0 квадратни милји) и проценето вкупно население од околу 447 милиони.

Внатрешен единствен пазар е воспоставен преку стандардизиран систем на закони кои се применуваат во сите земји-членки.

Политиките на ЕУ имаат за цел да обезбедат слободно движење на луѓе, стоки, услуги и капитал во рамките на внатрешниот пазар. Донесуваат закони за правда и внатрешни работи и одржување на заедничките политики за трговија. Имаат заеднички закони за земјоделство, рибарство и регионален развој.

Пасошката контрола е укината за патување во Шенген зоната.

Еврозоната е монетарна унија формирана во 1999 година, која стапи во целосна сила во 2002 година, која е составена од 19 земји-членки на ЕУ кои ја користат валутата на еврото.

ЕУ често се опишува како sui generis политички ентитет (без преседан или споредба) со карактеристики или на федерација или на конфедерација.

Во продолжение сите вести поврзани со Европска Унија.

Сподели со своите пријатели

Европската унија ќе воведе нови санкции кон Белорусија како дел од нејзините напори да изврши притисок врз Русија да стави крај на војната во Украина, проширувајќи ги мерките на оние земји кои ја поддржуваат Русија, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. – Ќе продолжиме со притисокотПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека залихите на оружје на земјите-членки на алијансата и на Европската унија се навистина исцрпени. Столтенберг изјави дека е неопходно да се зголеми производството за во иднина западните земји да ја заштитат својата територија, како и да можат да ѝ помогнат на Украина.Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Лидерите на Европската унија и НАТО во Брисел ја потпишаа Заедничката декларација за соработка, во која укажуваат дека двете организации се соочуваат со најголемата закана за евроатлантската безбедност во последните децении и се обврзуваат да го подобрат своето партнерство. Потписниците на Декларацијата, претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија,Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Шефот на европската дипломатија Џозеф Борел изјави дека Европската унија (ЕУ) најостро го осудува антидемократското насилство и упадот во државните институции во Бразил. „ЕУ ја повторува својата целосна поддршка за претседателот Лула и бразилскиот демократски систем и изразува солидарност со демократските институции кои беа цел на овој напад“, рече Борел.Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

ЕУ повеќе не може да си дозволи поединечни членки да ги блокираат нејзините одлуки, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок. „Гласањето со квалификувано мнозинство може да доведе до поправедни резултати за сите нас. Треба да бидеме способни да дејствуваме брзо и ефикасно“, рече Бербокова за време на посетатаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

На 3 февруари Украина и Европската унија ќе одржат самит во Киев на кој ќе разговараат за европската финансиска и воена поддршка, соопштија од кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски. За таа средба на високо ниво Зеленски разговарал со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во првиот официјаленПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Францускиот претседател Емануел Макрон им честиташе на граѓаните на Хрватска за влезот во еврозоната. Хрватска од денеска е членка на Шенген зоната и исто така од денеска го користи еврото наместо досегашната национална валута – куната. Во оваа прилика Макрон упати честитка до нашиот сосед, а првата реченица ја кажаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Поради зголемувањето на бројот на заболени од коронавирус во Кина, Франција денеска ги повика земјите од ЕУ да воведат заштитна мерка за задолжителен негативен тест за патниците кои доаѓаат од таа земја, не постари од 48 часа. Од вкупно 27 земји на ЕУ, Италија и Шпанија засега бараат негативни тестовиПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Шведска на полноќ од Чешка го презеде претседавањето со Советот на Европската Унија. Шведска е членка на ЕУ од 1995 година и ова е трето претседавање со земјата по 2001 и 2009 година. Земјите-членки на ЕУ претседаваат со Советот на ЕУ на секои шест месеци и за тоа време претседаваатПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Рускиот амбасадор во Србија, Александар Боцан Харченко, рече дека со доделувањето кандидатски статус на Босна и Херцеговина, ЕУ само се обидува да ја држи таа земја подалеку од Русија и тој ги повика босанските Срби да се спротивстават, тврдејќи дека членството во ЕУ всушност ќе доведе до укинување на овластувањатаПрочитај повеќе