Таа е највлијателната личност на социјалните мрежи (видео)

Сподели со своите пријатели

Американскиот „Тајм“ ја прогласи осумгодишната Бана Алабед од Сирија, која стана позната во светот по своите постови на „Твитер“ од окупираното Алепо, за една од највлијателните личности на интернетот.

„Тајм“ годишната листа ја прави врз основа на влијанието на социјалните мрежи и генерирањето на најважни вести, А Бана со помош на својата мајка на профилот поставила фотографии и видео записи за животот во Сирија за време на војната, пренеусва „Ројтерс“.

Не можам да излезам поради бомбардирањето. Ве молам стопирајте го бомбардирањето – напишала Бана минатата година на 24 стептември во својот прв „Твит“. Сега има околу 365.000 следбеници на оваа социјална мрежа/

Минатиот декември, Бана и нејзиното семејство безбедно се евакуирани од источниот дел на Алепо во Турција.

Освен Бана, на листата највлијателни се најде и британската авторка Роулинг, поп пејачката Ријана, старлетата Ким Кардашијан и американскиот претседател, Доналд Трамп.

Loading...