СЗО загрижена дека вториот бран на коронавирусот ќе резултира со раст и на смртните случиа од Ковид-19

Сподели со своите пријатели

Главниот научник на Светската здравствена организација (СЗО) др. Соумија Сваминанатан денеска изрази загриженост што актуелното зголемување на инфекциите со Ковид-19 на глобално ниво наскоро ќе биде проследено и со значително зголемување на бројот на смртни случаи, што сега изнесува околу 5.000 на ден.

Loading...

Британските медиуми пренесуваат дека бројот на новоинфицирани насекаде драматично расте, па сега Велика Британија и Италија соопштуваат дека имаат по речиси 20.000 нови инфекции дневно, додека Швајцарија, Русија и другите земји пријавуваат рекорден број на нови случаи. Досега ширум светот се регистрирани над 38 милиони случаи на коронавирус, а речиси 1,1 милиона луѓе умреа од Ковид-19.

-Зголемувањето на смртните случаи е секогаш неколку недели зад зголемувањето на бројот на случаите, рече др. Сваминанатан на прес конференцијата на СЗО. „Се уште губиме околу 5.000 луѓе дневно….. затоа не треба да бидеме задоволни што опаднал бројот на смртни случаи“, додаде таа.

Сашко Димевски


Leave a Reply