СЗО: На повидок е крајот на пандемијата на коронавирус

Сподели со своите пријатели

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус истакна дека на повидок е крајот на пандемијата на коронавирус, која трае веќе две и пол години.

Loading...

– Минатата недела забележа најмал број на смртни случаи од март 2020 година. Никогаш не сме биле во подобра ситуација да ставиме крај на пандемијата. Сè уште не сме стигнале до крајот, но се наѕира. Маратонецот не застанува кога ќе ја види целта, туку трча уште побрзо за да ја заврши трката. Можеме и ние. Го гледаме голот, имаме можност да бидеме победници и сега е недозволиво да престанеме да трчаме. Мора да трчаме уште побрзо за да ја преминеме границата и да ја добиеме наградата за напорната работа – изјави Гебрејсус.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Куманово активни уште 13 ковид случаи

Можност да се заврши

Гебрејесус верува дека светот никогаш не бил во подобра позиција да стави крај на пандемијата, за време на која досега починале 6,5 милиони луѓе.

Директорот на СЗО нагласи дека постои ризик од појава на нови видови на коронавирус, нарушување и неизвесност и дека мора да се искористи можноста за ставање крај на пандемијата.

Клучни препораки

На владите на земјите, СЗО претходно им даде клучни препораки за тоа како да придонесат за завршување на пандемијата, а препораките во голема мера се засноваат на претходното искуство со коронавирусот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Северна Кореја испука балистичка ракета во воздушен простор на Јапонија

Дополнително, владите се повикани да преземат мерки за намалување на ризикот од нова пандемија, пренесува CNN.

Низ светот, 609 милиони луѓе се регистрирани како позитивни на коронавирусот.