Светската здравствена организација (СЗО) нема препорака за државите и регионите да ги олеснат мерките за забавување на ширењето на коронавирусот, но ги повика да не ги укинуваат предвреме мерките за ограничување, изјави денеска портпаролот на СЗО, соопшти Ројтерс.
Loading...
„Една од најважните упатства е да не се откажуваме од мерките премногу рано за да се спречи повторно зголемување на пациентите“, рече портпаролот на СЗО Кристијан Линдмаер во виртуелниот брифинг.
Кои економии најлесно ќе заздрават од последиците на пандемијата?
„Тоа е нешто како да се разболите и ако премногу брзо излезете од кревет и прерано трчате, ризикувате да се вратите во кревет и да имате компликации“, додаде тој.