СЗО: Коронавирусот нема да исчезне наскоро

Сподели со своите пријатели

Бројот на смртни случаи поврзани со КОВИД-19 е намален за 95 отсто од почетокот на годината, соопшти во средата Светската здравствена организација (СЗО), предупредувајќи, сепак, дека вирусот не исчезнал.

Loading...

Според СЗО, вирусот нема да исчезне наскоро и земјите ширум светот мора да научат како да управуваат со неговите последици надвор од итни ситуации, како што се последиците што ги чувствуваат луѓето заразени со таканаречениот долг КОВИД.

Тедрос Аданом Гебрејесус, директор на СЗО, додаде дека една од десет инфекции има симптоми на продолжен КОВИД, што значи дека на стотици милиони луѓе би можело да им треба долгорочен третман.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ отвора нова истрага против Мета

„Сепак, оптимизмот го црпиме од континуираниот пад на бројот на пријавени смртни случаи поврзани со КОВИД, кои се намалени за 95 отсто од почетокот на оваа година“, истакна тој на конференција за медиумите.

„Вирусот повторно се шири во неколку земји и 14.000 луѓе починаа во последните четири недели“, рече тој.

Според него, како што покажува појавата на сојот XBB.1.16, „вирусот сè уште мутира и сè уште е способен да предизвика нов бран на инфекција и смрт“.

Марија Ван Керхове, која е задолжена за борбата против КОВИД во СЗО, рече дека сојот XBB и неговите подваријанти сега се распространети ширум светот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Обновливите извори сочинуваат над 30% од производството на електрична енергија во светот

Шефот на СЗО повтори дека неговата организација не губи надеж да прогласи крај на вонредната состојба во јавното здравство поради КОВИД-19.

Loading...

Следната квартална сесија на СЗО на оваа тема треба да се одржи во мај.