СЗО ја прогласи осаменоста за нова глобална здравствена закана

Сподели со своите пријатели

Светската здравствена организација (СЗО) ја прогласи осаменоста за глобална здравствена закана, а експертите предупредуваат дека нејзиното влијание врз смртноста е еквивалентно на пушење 15 цигари дневно.

Loading...

„Осаменоста ги надминува границите и станува глобален јавно здравствен проблем кој влијае на секој аспект на здравјето, благосостојбата и развојот. Социјалната изолација не познава години, нема граници“, изјави Кидо Мпемба, претставник на Африканската унија во СЗО, според „Гардијан“.

Американскиот хирург Вивек Марти истакнува дека здравствените последици од осаменоста се исто толку лоши како пушењето 15 цигари дневно и се посериозни од оние поврзани со дебелината и физичката неактивност.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Слободата на медиумите во голема опасност во неколку земји од ЕУ

Иако осаменоста често се доживува како проблем на населението во развиените земји, Марти рече дека еден од четири постари луѓе е осамен во сите региони во светот, пренесува Танјуг.

Кај постарите возрасни лица, осаменоста е поврзана со 50 отсто зголемен ризик од развој на деменција и 30 отсто зголемен ризик од мозочен удар.

Осаменоста влијае и на животот на младите – меѓу пет и 15 проценти од адолесцентите се осамени (12,7 проценти во Африка и 5,3 проценти во Европа).

Податоците ги објави меѓународната комисија на Светската здравствена организација, на чело со Марти и Мпемба.