СЗО активираше мрежа на тимови за итна медицинска помош во Турција и Сирија

Сподели со своите пријатели

Светската здравствена организација ја активираше својата мрежа на тимови за итна медицинска помош во Турција и Сирија за да им помогне на погодените од земјотресот, објави на Твитер генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Loading...

Тимовите ќе пружат основна здравствена заштита на повредените и најранливите погодени од земјотресот, рече Тедрос, пренесе Си-Ен-Ен.

Во меѓувреме, Рик Бренан, регионален директор на СЗО за итни случаи за Источен Медитеран, за Ројтерс изјави дека Светската здравствена организација очекува значителен скок на бројот на жртви од земјотресот и последователните потреси.

„Голем број згради се урнаа и ќе има значително зголемување (на бројот на жртви) околу епицентарот на земјотресот“, рече Бренан.

Зборувајќи за напорите на спасувачките екипи да стигнат до преживеаните, тој изјави дека спасувачките напори биле отежнати по последователните потреси.

„Потешко е за спасувачките тимови да влезат за да ги извлечат луѓето“, рече тој.

Бренан рече дека зградите кои претрпеле оштетувања, но останале функционални, може да се урнат во последователен потрес.

Речиси 1.800 луѓе загинаа во Турција и Сирија, а илјадници други се повредени во разорниот земјотрес што ја погоди јужна Турција, во близина на границата со Сирија.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.