СВР Куманово со кривична поради недозволено поседување оружје

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово денеска до Основно јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против лицето М.Б.(24) oд с.Арачиново, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“ по член 396 став 1 од КЗ на РМ.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи на 04.10.2018 година, околу 20,30 часот, во село Никуштак, Општина Липково од страна на полициски службеници било сопрено патничко моторно возило марка „Пежо“ со кумановски регистарски таблици управувано од лицето А.Д. од с.Арачиново во кој како сопатник се превезувал пријавениот М.Б., при што над истите и возилото е извршен преглед и под седиште е пронајден пиштол марка „Црвена застава М 57“, калибар 7,62 мм и една рамка со седум куршуми калибар 7,62 мм..

Leave a Reply