СВР Куманово приведе еден осомничен за подметнатите пожари

Сподели со своите пријатели

Неофицијално, утринава, СВР Куманово привела едено лице за кое се сомничи дека е подметнувач на единаестте пожари низ разни локации во градот, при што беа опожарени 11 моторни возила.

Loading...

DSC_0001

Наводно, осомничениот во текот на приведувањето бил под видливо дејство на алкохол, коментираат граѓаните.

Во очекување на официјална изјава на СВР Куманово, засега се уште е непознато дали се работи само за еден осомничен, кои се мотивите и целите за подметнување пожар на 11 моторни возила низ градот, од кои два автомобили припаѓаат на припадници на СВР Куманово, неофицијално коментираат од кумановската полиција.

Четири автомобили се прилично оштетени, додека останатите возила се со мало оштетување.