СВР Куманово поднесе кривична пријава за неовластена експлоатација на минерални суровини

Сподели со своите пријатели

Од страна на Секторот за внатрешни работи Куманово до Основното јавно обвинителство во текот на вчерашниот ден била поднесена кривична пријава против 70-годишниот З.С., сопственик на правното лице ТДОМВПТТ „Отљанац Звонко“ ДООЕЛ Куманово и областеното лице на подржница „Сепарација Отљанац“ и против правното лице „Отљанац Звонко“ поради постоење основано сомнение дека го сториле кривичното дело „Незаконска експлоатација на минерални суровини“ по член 225-а став 1 и 3 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Како што стои во соопштението од СВР Куманово, правното лице, на ден 11.11.2017 година со намера за себе и за правното лице да прибави противправна имотна корист, иако знаел дека е поминат рокот на важење на Договор за концесија за експолатација на минерална суровина – песок и чака на локалитетот ОДЗИРОМ во село Добрашане од 13.11.2014 година, склучен помеѓу Владата на Република Македонија, застапувана од министерот за економија и ТДОМВПТТ „Отљанац Звонко“ ДООЕЛ Куманово кој бил со рок на важење на концесија до 03.09.2017 година предвидени со членот 3 од наведениот договор, извршил експлоатација на минерални суровини – песок и чакал, при што правното лице ангажирало еден од вработените со товарно моторно возило марка „БМЦ“ со кумановски регистерски ознаки сопственост на правното лице, да изврши превоз на суровините до „Сепарација – Отљанац“ каде што се врши преработка на суровините.