СВР Куманово: И покрај поставените бункери – ситуацијата во градот е стабилна (видео)

Сподели со своите пријатели

На денешната седница на Совет на Општина Куманово, свое обраќање имаше и Антон Витковски, командир на ПС од Општа надлежност кој ја образложи безбедносната ситуација во градот по немилите случувања на 9 и 10 мај.

Loading...

Витковски во својот осврт, потенцираше дека граѓаните на Куманово треба да се однесуваат трезвено, без притоа да се потклекнува на било какви провокации.

– Во Куманово се случија тие немили настани, и за жал, загинаа осум добри луѓе, стари и искусни полицајци. Иако во градот после настаните на 9 и 10 мај беа блокирани двете сообраќајници и беа поставени бункери, ситуацијата во градот после настаните е на задоволително ниво, истакна Витковски.

Поради сигурноста на државните објекти кои се наоѓаат на ул. Тодор Велков и ул. 11 Октомври, СВР Куманово постави бункери, вели Витковски, навраќајќи се на деновите кога Куманово неколку дена беше со блокирани приоди до неколку државни институции.

И покрај стабилната безбедносна ситуацуја, Витковски упати апел до сите граѓани на Куманово, да споделат со полицијата било каква информација поврзани со безбедносни индиции.

 

 

Loading...

Leave a Reply