СВР Куманово ги најде крадците и купувачите на компјутери украдени од основно училиште

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Т.Д. (33) од Скопје, М.Ѓ. (18) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ и М.Д. (30) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање“.

Loading...

Прво и второ пријавениот со употреба на физичка сила и подесен алат од ОУ „Браќа Рибар“ во с. Горно Којнаре – кумановско извршиле тешка кражба одземајќи 15 лап топ компјутери и 15 полначи за истите, во вкупна вредност од 99.000 денари, кои ги сокриле во куќата на третопријавениот, иако знаел дека истите потекнуваат од извршено кривично дело.

Исто така, СВР Куманово поднесе дополнување на кривичната пријава против Д.С. (30), Ф.Д. (20), Н.Д. (29), М.С. (23), С.И. (22) и Д.С.(33), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање“.

Пријавените во текот на септември 2015 година купиле лап топ компјутери, иако истите знаеле дека потекнуваат од извршено кривично дело.