СВР Куманово: 2021 година e со најмал број на жртви во сообраќајот во последните 15 години

Сподели со своите пријатели

Министерството за внатрешни работи, а со тоа и Секторот за внатрешни работи Куманово , во чија надлежност се и Одделенија за внатрешни работи Крива Паланка и Кратово, безбедноста на учесниците во сообраќајот ја третира како приоритетен сегмент во работењето.

Loading...

Како резултат на ваквото работење и преземањето на активностите 2021 година e година со најмал број на жртви во сообраќајот во последните 15 години, а ова беше случај и на подрачје на СВР Куманово.

Имено, во 2021 година бележиме намалување бројот на жртви во сообракајот за 25% споредбено со претходната година, односно за разлика од 2020 година кога на подрачје на овој сектор имало 8 жртви при случени сообраќајни незгоди, во 2021 година овој број изнесуваше 6. Во првото тромесечје од 2022 година на подрачјето  на Одделението за внатрешни работи Крива Паланка и Кратово  нема ниту една жртва при случени сообраќајни незгоди.

 На подрачјето на СВР Куманово  во месец април 2022 година нема регистрирано   ниту една жртва при случена несреќа.

Секторот за внатрешни работи упатува благодарност до граѓаните и сите учесници во сообраќајот кои со своето однесување даваат придонес за поголема безбедност, која е во интерес на сите. Тоа е наша заедничка одговорност и сите заеднички мораме да го подигнеме нивото на сообраќајна култура, а како министерство тоа го правиме секојдневно, како преку превентивните, така и преку репресивните мерки спрема прекршителите на сообраќајните правила и прописи.

Интегрално соопштение