Светски рекорд: Ноктите ги нема сечено од 1952 година (видео)

Сподели со своите пријатели

Познато е дека во Гинисовата книга на рекорди влегуваат разни луѓе, а Шридар Чилал (78) станал еден од нив поради бизарен рекорд.

Loading...

Тој ги нема сечено своите нокти од 1952 година, па стана гинисов рекордер како човек со најдолги наокти на една рака. Комбинираната должина на неговите нокти изнесува 909,5 сантиментри.

Но, без оглед на тоа што во животот наишол на бројни проблеми поради ни, Шридар е горд на ноктите, а дури има добиено и понуда да ги донира истите во музеј.

Кога дојде време да се оженам, ниту една девојка не сакаше, а се гледав со десетици во младоста. Дури и кога девојката би прифатила да се омажи за мене, нејзините родители би направиле голема неволја – изјавил Шридар.

Овој човек, ноктите почнал да ги пушта уште во основно училиште. Шридар и неговите другари биле тепани од страна на нивниот професор во Индија, поради тоа што му скршиле нокт, а во таа прилика им рекол дека никогаш нема да сфатат колку нега е потребна за да израсне ноктот. Чилал тогаш одлучил да дознае.

Моите родители и учители се противеа, но јас одлучив од тој момент никогаш повеќе да не ги исечам ноктите. Набргу, имав конфликти поради оваа одлука секаде. На моето семејство тоа воопшто не им се допадна, никој не сакаше да ми ја испере облеката, па сам го правев тоа рачно.Исто така, наоѓањето работа беше многу тешко затоа што никој не сакаше да ме вработи – додава Шридар.

Меѓутоа, тоја шт бил упорен му се исплатило затоа што ја исполнил својата најголема цел во животот и сега е дел од Гинисовата книга на рекорди.