СВЕТСКИ РЕКОРД: Некој се поднови со чанта од 255.000 евра

Сподели со своите пријатели

Култната женска чанта на француската модна куќа Хермес, изработена од крокодилска кожа и украсена со дијаманти, била продадена за 254.617 евра, што е нов светски рекорд, пишува британскиот весник The Independent.

Loading...

Екстремно ретката торба Hermès Diamond Himalaya Birkin 25 е изработена од кожа на нилски крокодил и украсена од 18 каратно бело злато и дијаманти.

Биркин е модел од 2016 година на луксузна француска модна куќа, а беше продадена на аукција преку интернет од страна на лондонската куќа Кристи.

Цената постави нов рекорд за женска чанта продадена во САД, а во исто време највисока цена беше постигната за чантата на дигитална аукција.

Купувачот останува анонимен и беше меѓу многуте кои се натпреваруваа од 29 земји.

Кристи додава дека „постигнати се високи цени за други модни артикли, како што се Шанел и Луј Витон“.

 

Loading...

Leave a Reply