Светски лидери му посакуваат брзо опоравување на Трамп по позитивниот тест на коронавирус

Сподели со своите пријатели

Повеќе светски лидери утрово  реагираа на веста дека американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп се позитивни на коронавирус.

Loading...

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, му посака на Трамп брзо опоравување од коронавирусот, поради кој и тој мина неколку дена во април на одделот за интензивна нега во болница во Лондон.

Зборувајќи на конференциски повик со новинари, денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече: „Секако му посакуваме на претседателот Трамп брзо закрепнување“.

Песков истакна дека рускиот претседател Владимир Путин планира да се вакцинира и кога тоа ќе го направи, Кремљ ќе објави соопштение.

Премиерот на Пакистан, Имран Кан, исто така им посака на Доналд и Меланија Трамп „брзо закрепнување“.

Министерството за надворешни работи на Тајван испрати „најдобри желби“ од „народот на Тајван“.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел истакна дека Ковид-19 е „битка која сите продолжуваме да ја водиме“.

И турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган посака брзо оздравување на Доналд и Меланија Трамп.

Loading...

Американскиот претседател утрово објави на Твитер дека тој и сопругата Меланија се позитивни на Ковид-19. Како што наведе, двајцата одат веднаш во карантин. ссм/

Leave a Reply