Светот стравува од ескалација на војната поради Полска: Што знаеме досега за експлозијата?

Сподели со своите пријатели

Откако во вторникот вечерта паднаа две ракети врз едно село во Полска, при што загинаа две лица, целиот свет стравува дека може да дојде до ескалација на војната.

Loading...

Се верува дека ракетите се од руско производство, но сѐ уште не е јасно „од каде и како“ пристигнале на територијата на членките на НАТО.

Штом пристигна веста за падот на ракетите од руско производство во Пржеводово, американскиот претседател Џо Бајден одржа итен состанок со Г7 и сојузниците од НАТО на маргините на самитот на Г20 на Бали.

Недолго потоа се огласи и американскиот претседател и рече дека тешко дека проектилот што ја погоди територијата на Полска и уби две лица е истрелан од Русија.

Што вели Полска?

Министерството за надворешни работи на Полска доцна синоќа соопшти дека врз селото Пржеводов, во близина на границата со Украина, паднале „ракети од руско производство“ и дека загинале две лица.

Министерството не прецизираше за каков тип на ракети станува збор, ниту од каде се истрелани, но полскиот претседател рече дека „голема е веројатноста тие да се произведени во Русија“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски им се заблагодари на САД за пакетот помош за Украина

„Инцидентот беше „поединечен чин“ и нема докази за нови проектили“, рече полскиот премиер.

Прашања кои чекаат да бидат одговорени

Околностите околу инцидентот, кој е прв пат земја на НАТО да биде директно погодена за време на речиси деветмесечниот конфликт, остануваат нејасни – вклучително и кој ја истрелал проектилот и од каде е истрелан.

Loading...

И руските и украинските сили користеа муниција од руско производство за време на конфликтот, а Украина распореди ракети од руско производство како дел од својот систем за противвоздушна одбрана.

Зошто се зголемуваат тензиите?

Полска, членка на НАТО, рече дека Варшава размислува да се повика на член 4 од одбранбената алијанса за да разговара за нејзините грижи и исто така ќе ја зголеми борбената готовност на некои полски војници.

Членот 4 е метод на консултации кој им овозможува на членовите на 30-члената алијанса да поднесат прашање, обично безбедносно, што се однесува на нив до Северноатлантскиот совет, неговото тело за одлучување, пренесува Си-Ен-Ен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски им се заблагодари на САД за пакетот помош за Украина

Кои се извештаите од местото на настанот?

Еден од жителите на селото каде паднале ракетите за Си-Ен-Ен изјавил дека слушнал страшен татнеж кога проектилот го прелетал градот.

Домарот во локалното училиште изјавил дека од силината на детонацијата искршени се стаклата на училниците и дека е среќа што во училиштето немало ученици кога се случила експлозијата.

Полските медиуми објавија дека проектилот паднал на фарма, во исто време кога Русија го започна својот најголем бран напади врз украинските градови за еден месец.

Какви се реакциите на светските лидери?

По средбата на Бали, лидерите на Г7 и НАТО најавија поддршка за Полска и целосна соработка во истрагата за причините за експлозијата во близина на границата со Украина.

„Остануваме во близок контакт за да се договориме за следните чекори додека истрагата продолжува“, се вели во соопштението на лидерите на Г7 и НАТО.

Loading...

Тие ги осудија најновите – како што напишаа – варварски ракетни напади врз Украина и цивилната инфраструктура и ја уверија Украина за континуирана поддршка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски им се заблагодари на САД за пакетот помош за Украина

Што вели Русија?

Руското Министерство за одбрана доцна синоќа соопшти дека извештаите за експлозијата се „намерна провокација насочена кон ескалација на ситуацијата“.

„Нема удари врз цели во близина на украинско-полската државна граница“, се вели во соопштението, во кое се додава дека фотографиите од остатоците што ги објавија полските медиуми од местото на настанот во селото Пржеводов „немаат никаква врска со руското оружје“.

Првиот заменик постојан претставник на Русија во ОН Дмитриј Полјански изјави утринава дека станува се појасно дека Русија не била вклучена во истрелувањето проектили кон Полска.

Што ќе се случи следно?

НАТО денеска ќе одржи итен состанок за да разговара за експлозијата.

Со состанокот на амбасадорите на НАТО во Брисел ќе претседава генералниот секретар Јенс Столтенберг кој ќе одржи прес-конференција околу 12:30 часот по средноевропско време, се вели во соопштението на НАТО.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.