Свештеник на христијанска црква во Нигерија е уапсен за кражба на џип од плац за продажба на половни автомобили, по што го продал возилото за половина цена.
Свештеникот Еремија Ехиндеро е свештеник на Црквата Исус Чудотворец во Нигерија. Тој неодамна посетил еден аво-плазза половни автомобили во обид да купи „Тојота Хајлендлер“, кој ќе го користи за црковни работи.
Wi-Fi свештеник: Ги прскаше верниците со света вода од пластичен пиштол (ФОТО)
Откако се договорил за конечната цена на возилото во висина од три илјади долари, свештеникот инсистирал да го земе возилото на пробно возење пред да ги предаде парите на продавачот. Патем, сосема е нормално купувачите да земат автомобили за тест возење, така што истото се случило и овој пат, па продавачите не се сомневале кога ги предале клучевите од џипот.
Свештеникот заминал во непознат правец и не се јавил повеќе од 24 часа. Како резултат на тоа, сопствениците на автомобилот биле принудени да ја повикаат полицијата и да ја пријават кражбата.
Федералната единица за спречување кражби се појавила на вратата на парохијата на Исус чудотворецот, каде го пронашле свештеникот со уште тројца пријатели, кои рекле дека го продале џипот за 1.650 долари.
Свештеник се запали чекајќи го божјиот одговор (ВИДЕО)
На прашањето зошто го украл автомобилот, свештеникот се правдал велејќи дека ѓаволот го принудил да го направи овој потег и дека донациите од луѓето во неговата црква биле многу мали, па затоа морал да го украде возилото.
– Решив да го украдам џипот и да го продадам за да можам да го вратам долгот на парите кон банката, од каде зедов пари за работата на црквата. Бев принуден да го направам овој потег, бидејќи последните три месеци, донациите за црквата се многу мали, се правдал свештеникот.
Тој тврди дека кога банката започнала да врши притисок врз него да ги врати парите, тогаш ѓаволот се јавил и му рекол да го украде возилото што ќе го продаде и да ги искористи парите за да го врати долгот.
Свештеник држеше миса на Фејсбук, но не забележал дека кликнал погрешно копче (ВИДЕО)
– Самиот ѓавол ми рече да го украдам возилото. Морав да го слушам. Сега жалам за сè, рекол овој свештеник.
Тој бил уапсен веднаш по пристигнувањето на полицијата, како и Латиф Ојетунде, кој, наводно, го купил џипот од свештеникот. Меѓу уапсените биле Џамиу Абиодон и Лукман Мојоса, кои, наводно, го запознале свештеникот со купувачот на џипот.
Сепак, Ојетунде тврди дека не знаел дека е украдено возилото, дека му верувал на Ехиндер затоа што станува збор за свештеник.
Свештеник и момче со месеци силувале девојче кое останало и бремено
– Да знаев дека е украден овој џип, никогаш немаше да го купам, рекол Ојетунде по апсењето.