Свештеник и момче со месеци силувале девојче кое останало и бремено

Сподели со своите пријатели

На 16-годишно девојче кое се породило откако двајца мажи, наводно, ја силувале во Индија, е наредено да го продаде бебето и да ги земе парите како компензација.

Loading...

Девојчето тврдело дека прво била силувана од хоџа од локална џамија, а потоа и од помлад маж кој рекол дека ќе се ожени со неа, но потоа се премислил.

Селски панчаат, одбор на избрани старешини со самоуправни и судски овластувања, во Музаварпур, Бихар, Индија, наводно, наредил младата мајка да го продаде своето бебе.

Мајката го пријавила инцидентот во полиција пред неколку дена, се вели во локалните извештаи.

Девојчето рекло дека хоџа од селска џамија ја силувал додека била во несвест и го снимил наводното дело. Хоџата продолжил да ја силува два месеци и ѝ се заканил да не кажува некому за тоа.

За тоа време, таа забременила и му кажа на момче од селото. Мажот тогаш ја силувал под изговор да се ожени со неа, но тој не го исполни ветувањето.

Наводната жртва рекла дека таа кажала на семејството за нејзината бременост и дека прво им пристапиле на „панчаат“ за правда.

Откако тинејџерката се породила минатиот месец, „панчаат“, наводно, го нарекол инцидентот несреќна околност и ѝ наредил да го продаде детето и да ги задржи парите како компензација.

Loading...

Портпаролот на полицијата рече: „Ние ги разгледуваме тврдењата на жртвата и пресудата за панчаатот“.

„ДНК-анализа е исто така направена за да се идентификува биолошкиот татко на новороденчето“.

Истрагата е во тек и нема извештаи за апсења.

Leave a Reply