Сунак пружи поддршка на Украина на состанокот на Г-20, ќе се сретне и со Лавров

Сподели со своите пријатели

Британскиот премиер Риши Сунак ја поддржа Украина на самитот на Г-20, велејќи дека режимот на рускиот претседател Владимир Путин ќе се соочи со усогласено глобално противење на неговите постапки.

Loading...

„Акциите на Русија нѐ загрозуваат сите нас“

„Активностите на Русија не загрозуваат сите нас“, рече Сунак на самитот во Бали, Индонезија.

„Додека на украинскиот народ му ја даваме потребната поддршка, истовремено ја користиме целата широчина и длабочина на британската експертиза за да се заштитиме себеси и нашите сојузници“, додаде тој.

Британскиот премиер и неговите колеги на овонеделната средба ќе истакнат дека улогата на Русија во меѓународниот систем нема да биде онаква каква што беше се додека трае војната во Украина, соопшти владата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски им се заблагодари на САД за пакетот помош за Украина

Ќе се сретне со Лавров

Сунак пристигна на самитот во понеделник и се очекува да се сретне со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.