Сунак: Британија сочувствува, но мора да ги контролира границите

Сподели со своите пријатели

Британскиот премиер Риши Сунак денеска се обиде да ја оправда својата министерка, која наиде на критики затоа што мигрантите кои го преминуваат Ла Манш со чамци ги нарече „инвазија“.

Loading...

Британската министерка за внатрешни работи Суела Браверман се најде на удар на критики откако пристигнувањето на мигрантите со мали чамци го нарече „инвазија на нашиот јужен брег“ и рече дека „нелегалната имиграција е надвор од контрола“ во понеделникот, а премиерот Риши Сунак се обиде да ја оправда нејзината изјава.

Сунак денеска на владиниот состанок изјави дека Британија е сочувствителна и гостопримлива земја за барателите на азил, но за тоа треба ефикасно да ги контролира своите граници, пренесе неговиот кабинет, пренесува Танјуг.

„Ова е и ќе остане сочувствителна земја. Министерот за внатрешни работи се обидуваше да го објасни степенот на предизвиците со кои се соочува земјата и важно е да имаме контрола на нашите граници за да можеме да обезбедиме безбедни рути за другите баратели на азил“, рече Сунак.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Велика Британија можете да ги прочитате ТУКА.