Сугарески: Во Куманово се работи интензивно на сите патни правци (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Околу 60 милиони евра преку инфстрауктурни проекти се инвестираат во Куманово, рече денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при увидот на магистралата Куманово – Свети Николе која активно се реконструира.

Loading...

– Во моментот се работи на преку 550 километри патна мрежа низ целата држава, тоа е видливо, тоа граѓаните можат да го видат и што е најважно можат и да го осетат бидејќи навистина правиме подобрување во тој дел на патната инфраструктура. Исто сакам да потенцирам дека во делот на Куманово исто така се работи интензивно на сите патни правци, дел од нив се завршени како што е Куманово – Опае и други и исто така се работи сериозно на државните и магистрални патишта околу Куманово.

Според Сугарески уште 450 километри реконструкција се предвидени на патиштата низ целата држава.

– Некаде сме на средина од градежната сезона, и очекувам до крајот на градежната сезона се она што сме го исполниле преку ЈП за државни патишта, дали преку кредитни линии, нивни средства, дали по основ на Македонија пат, навистина целосно ја подобриме патната инфраструктура и на тој начин да обезбедиме поголем, побрз и побезбеден транспорт на граѓаните од нашата држава, додаде Сугарески.

Loading...

Како што посочи министерот се што е предвидено според буџетите на Министерството и ЈП за државни патишта ќе биде реализирано.

Leave a Reply