Суеверна баба за малку ќе предизвикала голема несреќа

Сподели со своите пријатели

Повозрасна жена од Кина тргнала на лето од аеродромот Пудонг во Шангај, но пред полетување, поради своето суеверие, успеала да го расипе авионот и летот се одложил на неколку часа.

Жената идентификувана само како Чи (80) пред полетување „за среќа“ фрлила неколку парични во моторот на авионот.

За среќа, некој од екипажот на авионот го видел тоа, па веднаш ги повикалемеханичарите кои откриле една монета во моторот, а осум околу него.

Loading...

Да не биле извадени, можела да се случи голема воздухопловна несреќа. Леталото, наместо во 12:40 полетало дури во 16:50 часот, пишува ВВС.