Судскиот процес за терористички напади во Белгија ќе чини над 35 милиони евра

Сподели со своите пријатели

Судењето за терористичките напади во бриселското метро и на националниот аеродром, што се случи на 22 март 2016 година, ќе чини 35,3 милиони евра и ќе биде најскапото судење во историјата на таа земја.

Loading...

Ова го покажуваат документите на Министерството за правда на Белгија, објавени од весникот Het Latste News.

Во тој судски процес ќе бидат сослушани повеќе од 350 сведоци.

Белгија одлучи судењето да се одржи во старите простории на НАТО.

Потребно беше целосно да се реновира и адаптира зградата која го доби името Јустиција, а се наоѓа на излезот од Брисел.

Во изборот на таа локација улога имаше и обезбедувањето на судењето.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Потомците на жртвите на геноцидот во Намибија ја тужат владата и бараат репарации од Германија

Значителен дел од сумата наменета за судењето е наменета за комуникации, плати за преведувачи, за поротници, додека во цената од 35,3 милиони евра не се вклучени трошоците за агентите за обезбедување.

Се очекува ова да биде едно од најдолгите испитувања во белгиската историја и би можело да трае девет месеци.

Loading...

Во терористичките напади во Брисел на 22 март 2016 година загинаа 32 лица, а 340 беа тешко ранети на аеродромот Завентем и на метро станицата Малбек, на неколку стотини метри од населбата каде што се наоѓаат европските институции.

Одговорноста за нападот тогаш ја презеде терористичката организација „Исламска држава“, истата џихадистичка ќелија одговорна за нападите во Париз на 13 ноември 2015 година, чии речиси сите членови беа од бриселската област Моленбек.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Папата ја завршува посетата на Конго и оди во Јужен Судан