Судот „си постави“ нов уредник на ТВ Телма

Сподели со своите пријатели

Апелацискиот суд во Скопје донесе одлука со која телевизија Телма се обврзува за главен и договорен уредник на информативната програма да ја постави новинарката Емилија Лазаревска.

Loading...

Како што велат од Телма, тие се шокирани од ваквата одлука на судот затоа што тие диерктно се мешаат во уредувачката политика на телевизијата, што е во спротивност со Законот за мадиуми и Уставот на Република Македонија.

Ваквата одлука била донесена без законска основа, туу со правно образложение дека Лазаревска била добар новинар.

Ако судот инсистира на спроведување на оваа одлука, тоа ќе претставува пракса, нити еден одговорен уредник да не може да биде сменет од таа позиција доколку како сведок обезбеди еден пензиониран новинар кој ќе посведочи дека сменетиот одговорен уредник бил добар новинар, како што судот постапи во овој случај врз основа на беспредметното сведочење на Ристо Лазаров. – додаваат од телевизијата.

Телевизија Телма предупредува дека нема да толерира ваков тип на апсурдни притисоци, независно дали доаѓаат од судски или политички центри на моќ.

Сегашниот одговорен уредник на информативната програма е новинарката и уредничка на емисијата „КОД“, Снежана Лупевска Созен.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.