Судири на мигрантите и полицијата на Лезбос, има и жртви (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Мигрантите предизвикаа два пожари за време на протестот во камп на грчкиот остров Лезбос и се судрија со полицијата, а потврдено е дека најмалку едно лице загинало.

Loading...

Полицијата го пронајде телото на едно лице загинато во пожарот, додека по другите се трага.

Неофицијални информации претходно беа објавени дека две лица загинале на „Камп Морија“.

Мигрантите бараат да бидат пренесени на грчкото копно.

„Ситуацијата е тензична. Има информации дека мајка и дете загинале, но сè уште не можеме да потврдиме“, изјави градоначалникот на Лезбос Стратис Кителис за АП.

УНХЦР Грција, исто така, објави на Твитер, дека една жена и дете загинале во пожар во Лезбос.

Портпаролот на грчката полиција Теодорос Хронопулос изјави за АП дека мигрантите запалиле пред кампот нешто пред 5 часот по локално време.

Само неколку минути подоцна, тие предизвикаа пожар во самиот камп.

Loading...

Градоначалникот на Лезбос објави дека двата пожари се изгаснати.

Полицијата соопшти дека заменик-министерот за цивилна заштита Лефтерис Ојконом, поранешниот шеф на грчката полиција, се упатил на Лезбос.

Во кампот Морија има околу 12,000 мигранти, повеќето од нив Авганистанци, а просторот е наменет за 3.000 луѓе.

https://www.youtube.com/watch?v=6-R4ommb_Gg

Leave a Reply