Судан: Борбите на генералите продолжуваат, народот страда

Сподели со своите пријатели

Жестоките судири во Судан продолжија и покрај најавениот прекин на огнот. Очевидци објавија на Твитер дека армијата и паравоените РСФ размениле оган во главниот град Картум во средата.

Loading...

Новинар на агенцијата ДПА јави дека во средата вечерта имало артилериски оган во главниот град. И покрај тоа што паравоените сили за брза поддршка (РСФ) објавија прекин на огнот за 18 часа.

Вака продолжи судирот меѓу водечките воени команданти во земјата – де факто претседателот Абдел ал Бурхан и неговиот заменик Мохамед Хамдан Дало. Првиот командува со армијата, а вториот со паравоените РСФ.

Откако заедно извршија државен удар во 2021 година, овие двајца се скараа околу интеграцијата на РСФ во официјалната армија и распределбата на моќта.

Хуманитарна катастрофа на хоризонтот

И покрај борбите, хуманитарните организации имаат намера да останат во земјата. Исходот од оваа војна и последиците за државните структури во Судан се уште не можат да се предвидат“, изјави портпаролот на германската организација „Леб за светот“.

Тој додаде дека хуманитарците ќе се соочат со тој предизвик. „Сакаме да продолжиме да работиме во Судан.

Организациите на Обединетите нации кои се занимаваат со изградба на населби и деца бегалци (UN-Habitat и UNICEF) остануваат во земјата.

Германското Министерство за развојна помош, пак, стравува дека ќе мора да прекине поголем дел од своите активности.

Loading...

Истото го вели и Катарина фон Шредер од организацијата „Спасете ги децата“. Како што изјави таа за германскиот јавен сервис АРД, речиси 500 вработени работеле во 14 од 18-те судански провинции – сега работат само во уште три. Борбите се водат „речиси насекаде“, не само во Картум, рече Фон Шредер.

„Понудата е исклучително лоша“, додаде таа.

На некои места нема вода бидејќи се уништени водоводните цевки, на други нема струја или едвај храна.

„Луѓето се плашат да излезат на улица или да ги ризикуваат своите животи ако одат да купат – под услов дури и да најдат отворена продавница.

Којзнае колку загинати

Во борбите беа оштетени бројни болници, дури 39 од нив беа затворени, а пациентите беа евакуирани.

Светската здравствена организација (СЗО) наведува дека нападите врз здравствената мрежа се „драстично кршење на меѓународното право и правото на здравје“.

Така продолжи несреќата на оваа огромна африканска земја – трипати поголема од Балканот – чие блиско минато е обележано со граѓански војни, диктатура и воени удари.

Во Судан живеат околу 46 милиони луѓе. Таа е една од најсиромашните земји во светот.

Loading...

Кенискиот претседател Вилијам Руто рече дека конфликтот „се развива во закана за регионалниот и меѓународниот мир и безбедност“.

Како што наведе, систематски се прекршува хуманитарното право. Руто ги повика завојуваните групи да ги прекинат борбите и да дозволат хуманитарна помош.

Според СЗО, досега загинале најмалку 296 луѓе, а повеќе од 3.000 се повредени. Ова е веројатно само врвот на ледениот брег, бидејќи многу мртви се уште не се избројани.

Очевидци велат дека на улиците гледаат безживотни тела, кои сѐ уште никој не дошол да ги земе.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.