Стручните училишта од Куманово ги претставија своите понуди на отворен ден за учениците (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во рамки на кампањата за промоција на средното стручно образование „Учи паметно, работи стручно“ која ја спроведува Министерството за образование и наука со поддршка од Швајцарската амбасада во Скопје, денес беа организирани отворени денови на стручните училишта во општините Куманово и Крива Паланка.

Loading...

Во трите стручни училишта во Куманово отворени се вкупно 1551 слободно место за полуматурантите, во повеќе различни струки, велат од Министерството за образование и наука.

 

 

На отворените денови денеска во дворовите на училиштата „Перо Наков“ и „Киро Бурназ“ беа организирани отворени денови на кои учениците кои завршуваат основно образование можеа да се запознаат со стручните профили на училиштата, а воедно беа изложени и штандови од неколку компании во градот.

Во ДСУ-РЦСОО „Киро Бурназ“ кое од неодамна е државно училиште, се планира запишување на 397 ученици во 13 паралелки, од кои 10 на македонски и три на албански наставен јазик.

 

Loading...

 

Како што рече директорката Весна Трајковска, има четири струки, меѓу кои земјоделско-ветеринарна струка, машинска струка, хемиско-технолошка струка и лични услуги.

– Во рамките на овие струки имаме 12 профили. Она што е новина за прв пат оваа година во нашето училиште е што ќе отпочнеме со дуално образование и тоа дуално образование во сите од наведените струки. Во нашето училиште оваа учебна година ќе имаме можност да запишеме пет паралелки дуално образование, изјави директорката.

 

 

Новитет од следната учебна година е воведување на профилот каросериски механичар од машинската струка. Дел од наставата и досега учениците, вели Трајковска, ја изведуваа во училиштето, а дел во компаниите.

Loading...

– И досега нашите ученици настава изведуваа еден дел во училиште, еден дел во компаниите, но со воведување на дуално образование се надеваме дека многу повеќе ќе постигнеме и ќе дадеме поголем акцент на практичната настава затоа што се зголемува бројот на часови по практична настава и престојот на учениците во компаниите. На тој начин учениците ќе можат на подобар начин да се запознаат со практичниот дел кој што се одвива во самите компании, рече таа.

 

 

Средното општинско училиште Перо Наков во следната учебна година планира да запише 508 ученици и тоа во 16 паралелки, од кои 9 паралелки во настава на македонски јазик и 7 паралелки во настава на албански јазик.

– Нашето училиште нуди 3 струки, и дисперзирана паралалка на спортска академија отсек кошарка. Првата струка е економија, право и трговија, каде што нудиме профили, економски техничар и бизнис администратор. Новитет од оваа година е што во профилот нудиме економски техничар и дуална паралелка, каде што учениците ќе имаат можност практичната настава  да ја реализираат во компаниите од градот. Во секторот текстил, кожа и слични производи ги нудиме профилите техничар за изработка на облека, техничар за дизајн на облека, моделирање и техничар за изработка на обувки и техничар за моделирање на обувки, со тоа што како комбинирана паралелка од овој сектор нудиме техничар за изработка на облека и техничар за обувки  дуална паралалка, каде што учениците ќе можат практичната настава да ја изведуваат во нашите компании во градот, вели Мила Жибак, директор на СОУ „Перо Наков“.

 

Loading...

 

Уметничкото образование како трета струка во оваа училипте го нуди профилот графички дизајнер  и спортска академија дисперзирана паралалка со отсек кошарка.

 

 

Штандовите и отворениот ден денеска ги посети и градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски кој рече дека целта на проектот е децата да бидат оспособени да работат стручно во постоечките капацитети во мало, микро и средно стопанство во градот.

Loading...

– Бидејќи општината има за цел да развива и отвара нови индустриски зони каде во самите индустриски зони потенцијалните инвеститори би имале потреба од ваков стручен и образовен кадар. Особено е битно да се нагласи дека она што беше во минатото средното стручно училиште Киро Бурназ од Куманово денеска е државно училиште и целта е да се трансформира во еден регионален центар за стручна обука на учениците, а воедно покрај ова училиште имаме уште две општински училишта кои ќе образуваат стручин кадри, рече Димитриевски.

 

 

Инаку, учениците кои ќе се запишат на дуална настава ќе добиваат месечна стипендија од 3.500 денари во времетраење од девет месеци.

Loading...

 

 

Никола Ивановски

Leave a Reply