СТРАВ ОД РАДИЈАЦИЈА: Жителите на Запорожје купуваат таблети со јод

Сподели со своите пријатели

Фотографии од жителите на Запорожје кои купуваат таблети со јод се појавуваат на социјалните мрежи додека расте стравот од истекување на радијација од нуклеарната централа во регионот.

Loading...

Многумина се загрижени за системот за ладење на нуклеарните реактори бидејќи дефект на системот може да предизвика топење на јадрото на реакторот, пишува Sky News.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) треба да пристигне во објектот оваа недела.

Има намера да процени било каква физичка штета на нуклеарната централа, да ја утврди функционалноста на безбедносните и заштитните системи, да ги процени условите за работа на вработените и да спроведе итни заштитни активности.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски им се заблагодари на САД за пакетот помош за Украина

Најголемата европска нуклеарна централа Запорожје, која беше заземена од руските сили во март, но со која управува украински персонал, е главната точка на удар во шестмесечниот конфликт, бидејќи двете страни меѓусебно се обвинуваат за неодамнешното гранатирање во близина на централата, пренесува Индекс.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.