Страшна снимка од брод што тоне: Патниците панично бегале за да не наидат на ајкули (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Патувањето со брод завршило трагично на Бахамите, со потонување на бродот и смрт на еден патник.

Loading...

Она што требало да биде чисто уживање се претвори во вистински хорор на патот до популарната туристичка дестинација – островот Сина лагуна.

Инцидентот се случил во вторник на 14 ноември и се очекува темелна истрага.

Двокатен туристички брод на пат кон блискиот остров Сина лагуна од пристаништето Насау наишло на разбранувано море и бранови.

Бродот целосно потонал, иако длабочината на водата во областа била само околу 6 метри, а горниот дел од бродот се уште бил видлив над нивото на водата.

Екипите за итни случаи од островот брзо пристигнале да пружат помош.

Патниците и петте членови на екипажот се лоцирани и донесени на островот, а двајца патници се пренесени во болница на понатамошна нега.

Сите на бродот се безбедни.

Loading...

Видеата направени на бродот набрзо станаа вирални, на кои јасно се гледаа преплашените гости.

На видеата јасно се гледа како тие скокаат од потонатиот брод.

Почина 75-годишна жена, иако деталите за нејзината смрт не се потврдени, ниту пак е идентификувана. Не е познато и дали имала некакви здравствени проблеми.

Иако уште двајца гости превентивно се префрлени во болница, не се пријавени други сериозни повреди.

Сите патници на бродот биле гости на брод за крстарење, но се уште не е јасно кој, со оглед на тоа што тој ден во пристаништето имало пет различни линии за крстарење.

 

@kellyswitz our ferry went down on our way to Blue Lagoon #shipwreck #boat #boatsinking #bluelagoon #bahamas #ferry ♬ original sound – Kelly Schissel