Стотина македонски камионџии со денови заглавени на турско-грчката граница

Сподели со своите пријатели

Штрајкот на грчките земјоделци не само што го паралзиираше сообраќајот во Грција, туку прави вистински нереди и низ целиот регион, а со тоа и големи финансиски загуби на земјите соседи.

Така од минатата недела, бугарските превозници ги блокираа граничните премини кон Грција во знак на револт од загубите кои ги трпат како последица на блокадите од грчките фармери. На турско-грчката граница со денови заглавени останаа и камионџии од Македонија.

Никој нема информации кога штрајкот ќе биде завршен од страна на грчките земјоделци кои со трактори и земјоделска механизација ги блокираат граничните премини не само кон Македонија, туку и кон Турција и Бугарија.

Дури 12-километарска колона на тешките товарни возила е создадена на граничниот премин Ипсала на турско-грчката граница, а истата ситуација била и од другата страна на преминот, јавуваат регионалните медиуми.

Од асоцијацијата на камионски транспортери „Макамтранс“ велат дека се во постојан контакт со македонските превозници и дека никој засега нема конкретни информации до кога ќе трае штрајкот.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.