Стоматолог од Бразил ги воодушеви сите: Патува низ светот и на сиромашните бесплатно им прави заби

Сподели со своите пријатели

Фелипе Роси, стоматолог од Бразил, пред пет години се одлучил за прекрасен гест – ја основал невладината организација Por1sorriso, собрал волонтери, финансиска поддршка од спонзорите и заминал на патување низ светот за да ги поправи забите или да направи сосема нови за сите луѓе без финансиски средства.

 

 

Ја посетил Јужна Америка, разни острови, но повеќето пациенти ги имал во Африка, пренесува Bored Panda.

 

 

Тој верува дека забите се важни затоа што, кога изгледаат добро и кога се здрави, ја зголемуваат нашата самодоверба.

 

 

„Здравите и убави заби се важни не само естетски, туку и за здравјето, но повторно, кога изгледаат убаво, ја зголемуваат самодовербата и оптимизмот“, вели стоматолог кој со својот гест ги воодушеви луѓето ширум светот.