Столтенберг: Војната ќе заврши на преговарачка маса

Сподели со своите пријатели

Војната во Украина најверојатно ќе заврши на преговарачка маса, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Loading...

„Ќе ја поддржуваме Украина се додека е потребно“, изјави Столтенберг за Sky News.

Како што истакна, НАТО ќе ја поддржи Украина да опстане како независна, суверена држава во Европа, а потоа војната најверојатно ќе заврши на преговарачка маса.

„Исходот од тоа целосно ќе зависи од силата на бојното поле, затоа ги поддржуваме“, рече Столтенберг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поранешен руски олигарх: Дојде критичниот момент

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.